КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ ДАВААТ САМО ДИРЕКТОРСКИ МЕСТА, А АХМЕТИ ДАВА МИНИСТЕРСКО Курто Дудуш објасни зошто прифатил коалиција со ДУИ

Бевме во преговори и со други, но тие ни нудеа само директорски места. Сметаме дека тоа е поцетнување на Ромите. Затоа се одлучивме за ДУИ и целиме и кон извршната власт, односно позиции министер и заменик-министер - рече Дудуш во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

623

Лидерот на Унијата на Ромите, Курто Дудуш вели дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на Ромите им го понудиле тоа што го правеле години наназад – само директорски места, па затоа одлучил да се приклучи на „Европскиот фронт“ на Али Ахмети од каде што добил подобра понуда.

– Бевме во преговори и со други, но тие ни нудеа само директорски места. Сметаме дека тоа е поцетнување на Ромите. Затоа се одлучивме за ДУИ и целиме и кон извршната власт, односно позиции министер и заменик-министер – рече Дудуш во емисијата „10 минути“ на ТВ21.






Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, синоќа во Шуто Оризари потпиша коалициски договор со Сојузот на Ромите, со кој оваа партија станува дел од „Европски фронт“.

Ахмети го потпиша договорот со лидерката на партијата Фатма Османовска.

Поврзани содржини