ПРЕГАЗЕН Е ПЕШАК ВО КАПИШТЕЦ Жртвата е во болница со тешки телесни повреди
Како што е наведено во полицискиот билтен, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Вчера во 15.40 часот на улицата Народен Фронт во скопската населба Капиштец, 42-годишниот А. К. од скопското село Бањане го удрил со возило 37-годишниот пешак Д. Ѓ. од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што е наведено во полицискиот билтен, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека увидна екипа од СВР Скопје извршила увид.