ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА „ВЛЕЗЕ“ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Стана членка на Европската слободна алијанса која ги застапува малцинствата
Оваа одлука е потврда на нашата непоколеблива посветеност кон демократијата, правата и слободите на македонската заедница во Албанија – велат пратеставници на МАЕИ.
Партијата на Македонците во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е примена за полноправна членка на Европската слободна алијанса (ЕФА), што е историски ден за македонското политичко организирање и за Македонците во Албанија, соопшти партијата.
На Генералното собрание на ЕФА, кое се одржа денеска во Брисел, делегатите едногласно гласаа за приемот на МАЕИ за полноправна членка на Европската слободна алијанса, која ги претставува малцинствата во Европскиот парламент.
– Станавме полноправна членка на ЕФА, на што сме горди и тоа за нас е голема чест. Веруваме дека нашето членство ќе ја збогати и нашата партија и Алијансата. Оваа одлука е потврда на нашата непоколеблива посветеност кон демократијата, правата и слободите на македонската заедница во Албанија. Ние сме горди што ќе продолжиме да ја претставуваме македонската заедница на европско ниво – изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ.
Стерјовски додаде дека дека од самото основање, МАЕИ, покажа значајно политичко присуство во различни локални, регионални и национални владини структури и албанскиот парламент.