ПЕНДАРОВСКИ, НЕЛИ БЕШЕ „ВОН ПАМЕТ“ ДА СЕ МЕНУВА УСТАВОТ? Пратеникот Лефков го потсетува претседателот на поранешните ставови

Кога лажеше Пендаровски - кога тврдеше дека вон памет е да се менува Уставот, или сега, кога е главен лобист за промена на Уставот – рече Лефков.

222

Додека власта на СДСМ и ДУИ зад сцена преговараше со Бугарија, Стево Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија, па дури и рече дека е „вон памет“ да се разговара за било каква промена на уставот или за анекс на договорот со Бугарија. Не само што Бугарија побара промена на Уставот, а владата и Пендаровски прифатија, туку истите активно се вклучија во кампања да ја убедуваат јавноста зошто треба да се промени Уставот – рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Пендаровски лично е главен застапник на идејата за промена на Уставот, и лично кажа дека токму тој е човекот кој го преговарал анексот, како што сам го нарекува, т.е. бугарскиот диктат.






Кога лажеше Пендаровски – кога тврдеше дека вон памет е да се менува Уставот, или сега, кога е главен лобист за промена на Уставот? Има ли Пендаровски став кој не го погазил? Останал ли човекот автентичен во нешто друго освен во лагата?

И самиот Стево Пендаровски знае дека лаже, манипулира и нема достоинство. И самиот Пендаровски е свесен дека нема да биде избран повторно, затоа што народот не поддржува политичари кои манипулираат со националните чувства и ги распродаваат – рече пратеникот Лефков.

Поврзани содржини