ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се пријавиле 265 државјани со бугарски пасош

На претходните парламентарни избори одржани во април 2026 година, кога во Македонија гласаа вкупно 463 бугарски државјани кои живеат во Македонија.

3

Само 265 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле за да можат денеска да гласат на претседателските избори во Бугарија на седум определени гласачки места низ земјата.

На последниот попис од 2021 година во Македонија 3.504 лица се изјаснија како Бугари. Според официјалните податоци од бугарските институции, околу 216.000 македонски државјани имаат добиено бугарски пасош.






Излезноста на бугарски државјани кои живеат во Македонија за избори во Бугарија се намалила во однос на претходните парламентарни избори одржани во април 2026 година, кога во Македонија гласаа вкупно 463 бугарски државјани.

Претходно, бројот на бугарски гласачи во Македонија беше во постојано опаѓање, во серијата вонредни парламентарни избори во Бугарија од 2022 до 2024 година. Во октомври 2022 излегле 461 гласач, во април 2023 – 453 гласачи, во јуни 2024 – 340 и во октомври 2024 – 327 гласачи. Максималната излезност беше во 2026, кога излегоа на гласање 463 бугарски државјани.

Официјалните бројки и конечни извештаи за сите изборни циклуси во странство се објавуваат на веб-страницата на Централната изборна комисија на Бугарија (ЦИК).

 

ПРВ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА Учествуваат 27 кандидатски двојки

Поврзани содржини