СОНЧЕВО И ТОПЛО Утре ќе заврне

295

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.






Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во текот на следната работната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Само во вторник ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд и со умерен северен ветер, а дневната температура малку ќе опадне.

 

 

Поврзани содржини