НАМЕРНО СИ ЈА ЗАПАЛИЛ КУЌАТА, ПА СКОКНАЛ ВО БАЗЕН И ЗАГИНАЛ Пожарникарите цели 3 часа гаснеа пожар во штипско Косевица

Интервенирано е со две противпожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.

455

Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една човечка жртва при пожар на куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”. Интервенирано е со две противпожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.






Причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата  што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.

Поврзани содржини