БУЈАР И ВAЛБОНА ОСМАНИ ДОБИЈА ПРИНОВА Нивното трето дете се вика Лав
„Раѓањето на Леон ја засилува мојата посветеност не само кон моето семејство, туку и кон сите семејства на кои им служам“, пишува Бујар Османи во својата објава.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата сопруга Валбона добија принова, објави самиот Османи на својот профил на Фејсбук.
„Со срце полно со радост и благодарност, јас и Валбона сме среќни да го објавиме пристигнувањето на нашето трето дете, Луанит (Лав). Неговото име симболизира сила и храброст, кои што сакаме до ги поттикнеме кај него, сега откако им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство.
Раѓањето на Луанит ја засилува мојата посветеност не само кон моето семејство туку и кон сите семејства на кои им служам“, пишува Бујар Османи во својата објава.