📷 АВИОНИ СО СТОТИЦИ ПАТНИЦИ СЕ СУДРИЈА НА ПОЛЕТУВАЊЕ Објавени првите снимки од авионската несреќа во Јапонија

Авионот на Катаи Пацифик стоел на пистата кога во него удрил друг авион на Кореан Ер, во кој имало 289 луѓе, во несреќата нема повредени, соопштија надлежните служби.

1,928

Два патнички авиони се судрија на аеродром во Јапонија, неколку недели по трагедијата во која патнички авион се судри со авион на крајбрежната стража, при што загинаа 5 лица.

Авионите на Кореан Ер и Катаи Пацифик се судрија на аеродром во Хокаидо. Засега не се познати точните детали за инцидентот, според првичните информации во инцидентот нема повредени. Од аеродромот претходно соопштија дека има доцнења и откажувања на летови поради обилниот снег во областа.






Несреќата се случила кога авионот на Кореан Ер се подготвувал да полета, изјави претставник на авиокомпанијата.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат оштетување на авионот на Кореан Ер. Противпожарната служба соопшти дека авионот Катаи Пацифик стоел на пистата кога во него удрил друг авион, во кој имало 289 луѓе.
Последниот инцидент на писта на јапонскиот аеродром се случи пред  неколку недели откако летот S16 се судри со авион на јапонската крајбрежна стража кој слетувал на аеродромот Ханеда во Токио. Сите 379 патници на летот JAL516 на  Јапан Ерлајнс  безбедно се симнаа пред авионот целосно да биде зафатен од пламен, но пет лица загинаа во помалиот авион.

Поврзани содржини