ХУТИТЕ ИМ СЕ ЗАКАНИЈА НА САД ДА НЕ СЕ МЕШААТ ВО ЈЕМЕН „Ќе следува брз и болен одговор“

Предупредувањето следува откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „многу наскоро“ ќе одлучи дали САД ќе им се приклучат на саудиските напади, по смртоносниот удар на борците поддржани од Иран врз аеродромот во Ријад.

150

Јеменските бунтовници Хути ги предупредија САД дека ќе се соочат со „брз и болен одговор“ доколку се приклучат кон воените дејствија во Јемен, откако се појавија информации дека Саудиска Арабија побарала американска помош за справување со групата.

Предупредувањето следува откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „многу наскоро“ ќе одлучи дали САД ќе им се приклучат на саудиските напади, по смртоносниот удар на борците поддржани од Иран врз аеродромот во Ријад.






„Ако САД се приклучат на агресијата против Јемен, нема долго да размислуваме како да одговориме, туку ќе следува брз и болен одговор насочен против САД и сите нивни интереси во регионот“, изјави Мохамед ал Бухаити, член на Политичкото биро на Хутите.

Тој, исто така, упати предупредување и до сите вработени во саудискиот енергетски и транспортен сектор.

„Ги предупредуваме сите службеници и работници во саудиските нафтени постројки и на аеродромите да се држат подалеку од овие објекти, бидејќи тие веќе се легитимни цели“, порача Ал Бухаити.

Во саботат, најмалку една ракета од Хутите го погоди меѓународниот аеродром во Ријад, при што загинаа најмалку 12 лица и стотици беа повредени, од кои многумина сериозно. Според Вол стрит журнал, ова е најсмртоносниот поединечен напад врз САД или нивните сојузници од Заливот во конфликтите поврзани со војната против Иран. Меѓу жртвите беше и 28-годишна стјуардеса од Египет која искрвави до смрт откако експлозијата ѝ ја откина раката, а неколку жртви останаа без екстремитети, соопштија официјални лица запознаени со нападот.

Два терминала беа погодени, чии покриви делумно се урнаа. На снимката потврдена од Storyful, патниците може да се видат како одат со куфери покрај траги од крв на подот за време на евакуацијата на аеродромот. Властите пријавија нови напади врз затворениот аеродром во неделата, при што проектил предизвика пожар во Терминал 4, како и други повредени.

Саудиските власти велат дека им снемуваат пресретнувачи ракети за одбрана од нови напади.

Засилените напади врз Ријад, кој е оддалечен повеќе од 800 километри од територијата контролирана од Хутите, претворија делови од саудиската престолнина во воена зона. Жителите се засолнуваат додека експлозии се слушаат низ целиот град. Минатата недела остатоци од пресретната балистичка ракета погодија градинка и комплекс на медицинска клиника во четврток. На вработените во финансискиот кварт, учениците од некои меѓународни училишта и дипломатите им беше наредено да се евакуираат или да се засолнат.

Поврзани содржини