Нов напад со неидентификуван проектил беше извршен врз патничкиот Терминал 4 на меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во саудиската престолнина Ријад, при што избувна пожар, соопшти портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, генералот Турки ал Малики.
Истовремено, саудиските системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија крстосувачка ракета во реонот на меѓународниот аеродром.
Воената коалиција, која ја поддржува меѓународно признатата јеменска влада, соопшти дека за нападот се одговорни Хутите.
Во вчерашниот напад врз аеродромот загинаа 12 лица, а повеќе од 300 беа повредени.