ЈСП ЗА БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ВОЗИ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Бесплатен паркинг во Центар, но „пајакот“ ќе работи и празнично

Жичарницата на Водно сите денови за време на божикните празници ќе работи од 10 до 17 часот.

77

За време на божикните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Од вторник (9.01.2024 год), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.






На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците кај Транспортен центар и  во Ѓорче Петров.
Од вторник (9.01.2024 год) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.

Жичарницата на Водно сите денови за време на божикните празници ќе работи од 10 до 17 часот.

По повод претстојните божикни празници, во наредните три дена, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Поврзани содржини