„ТЕНЗИИТЕ ЗА КРСТОТ ГИ ПОДГРЕВААТ БЕСА И ДПМНЕ“ Општината да ја повлече одлуката за негово уривање, бара СДСМ

За жал, БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, на соживотот и меѓусебното разбирање.

107

СДСМ бара од, како што ја нарекува, „коалицијата БЕСА и ДПМНЕ во општина Тетово да ја повлече одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка и да се воздржи од какви било понатамошни дејствија.

„На Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир а не за објект. Какви било провокации и дејствија може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните.






Сите политички чинители, пред се коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на општина Тетово треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово.

За жал, БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, на соживотот и меѓусебното разбирање.

Загрижува тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на БЕСА. Секретарот на општина Тетово, вториот човек после Касами е од ДПМНЕ. Постојат сомневања дека ова е дел од договорено сценарио на ДПМНЕ и БЕСА во предизборието.

СДСМ заедно со граѓаните, со сите разумни и одговорни политички субјекти ќе направи сè за да не се дозволи сценаријата на БЕСА и ДПМНЕ во Тетово да успеат“ – се вели во соопштението на СДСМ.

 

Поврзани содржини