КАНДИДАТИТЕ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА АНТИКОРУПЦИСКА НЕ СЕ ПО ВОЛЈА НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР? Членка на Комисијата за селекција го издвоила мислењето

„Евидентно од посочената ранг-листа е дека како претставник на граѓански сектор од областа на демократија и владеење на право имам целосно различна перцепција за избраните кандидати, со што јасно се манифестира и ставот на граѓанските организации за идниот состав“, вели Снежана Камиловска Трповска во допис до медиуми.

651

Снежана Камиловска Трповска, членка на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија, со допис до медиуми информира дека има издвоено мислење за утврдената листа на кандидати.

По тридневно јавно интервјуирање, за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се предложени ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ.






Претседател во следните пет години ќе биде Татјана Димитровска. Таа 19 години работи во Државниот завод за ревизија, а од пред две години е помошник на главниот ревизор, меѓу другото, како што рече и за ревизија на политички партии, ДКСК, АВМУ, ДИК и други.

Камиловска Трповска тврди дека рангирање е последица на „необјективно и оркестрирано гласање“ на другите членови на Комисијата за селекција.

„Евидентно од посочената ранг-листа е дека како претставник на граѓански сектор од областа на демократија и владеење на право имам целосно различна перцепција за избраните кандидати, со што јасно се манифестира и ставот на граѓанските организации за идниот состав“, вели Камиловска Трповска во дописот.

Во издвоеното мислење таа вели дека изненадува како другите претставници на Комисијата за селекција „изнајдоа компромис токму и само за овие кандидати и покрај слабите интервјуа, одбивањето да одговорат на директни прашања за општествени состојби, како процесот на заробеност на државата, високопрофилни случаи кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската Комисија за 2023 година, прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање и слично“.

ПРЕДЛОЖЕН НОВИОТ СОСТАВ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Ако добијат „амин“ од пратениците, овие лица ќе бидат ноќна мора за корумпираните

Поврзани содржини