ИЗБРАН НОВ ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА УМС НА ВМРО-ДПМНЕ Еве кои се новите млади сили на владејачката партија

„Новиот Извршен комитет е спој на младост, знаење и посветеност. Во неговиот состав се млади луѓе од различни професии и области, кои со својата работа и ангажман покажуваат дека Македонија има генерација што знае, умее и е подготвена да преземе одговорност“ – се вели во објавата на претседателот на УМС Тодор Конески.

4

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили (УМС), со што организацијата добива ново раководство составено од млади, образовани и докажани кадри кои во наредниот период ќе работат на унапредување на политиките и активностите за младите, објави претседателот на УМС Тодор Конески.

„Новиот Извршен комитет е спој на младост, знаење и посветеност. Во неговиот состав се млади луѓе од различни професии и области, кои со својата работа и ангажман покажуваат дека Македонија има генерација што знае, умее и е подготвена да преземе одговорност“ – се вели во објавата на Конески.






Тој порача дека довербата што им е укажана на членовите на новиот Извршен комитет е обврска за уште поголема посветеност и работа во интерес на младите.

„Младите не се само иднината на државата, тие се нејзината сегашност и нејзината најголема сила. Нашата задача е да создадеме повеќе можности, подобри услови и средина во која секој млад човек ќе може својата иднина да ја гради во Македонија“, напиша Конески.

На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за членови на новиот Извршен комитет на Унијата на млади сили беа избрани:

Дамјан Коњановски, генерален секретар

Тијана Тесалоника Шишкоска, потпретседател

Илија Ристески, потпретседател

Борис Шамбевски, потпретседател

Љупчо Ристески

Антоанета Лазаревска

Денис Пановски

Иван Димитриевски

Мартин Ивановски

Стојан Пандов

Луна Стефаноска

Софиа Даштевски

Лина Рангелова

Марио Николовски

Иван Коцев

Филип Анастасов

Виктор Петков

Стефан Здравески

Филип Милев

Трајче Стојановски

Марио Стојчевски

Петар Младеновски

Георги Петков

Анастазија Георгиева

Јована Спасеноска

Петар Мицкоски

Александра Николовска

Тамара Трајковиќ

Дамјан Ивановски

Горјан Смилков

Стефан Стојчевиќ

Михаела Ристеска

Христијан Ефтимов

Верица Ценева

„Со изборот на новиот Извршен комитет, УМС го започнува новиот организациски циклус, со фокус на поголема вклученост на младите, нови иницијативи и политики што ќе придонесат за создавање подобри можности за младите“ – се вели во обајавата на претседателот на УМС Тодор Конески.

Поврзани содржини