ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО Е ВАШАТА МЕЃА КОН ЕУ Еве што порача Столтенберг од македонското собрание

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг посочи оти е уверен дека членството во НАТО на Северна Македонија беше поздравено како светло во темнината. Како што рече, дури и во првите денови, придобивките од членството за државата беа очигледни.

158

Сојузниците во НАТО гарантираат за безбедноста на Северна Македонија. Во изминатите три години по вашето членство во НАТО видовте повеќе странски инвестиции, зголемен раст и повеќе работни места. Мирот и стабилноста се предуслов за економски просперитет, порача денеска во своето обраќање во Собранието на Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг, кој е во официјална посета на нашата држава, од Собранието на Северна Македонија порача дека членството во НАТО е есенцијалната и суштинска меѓа кон членството во ЕУ.






– Патот до членството во НАТО беше долг и полн со предизвици. Вашата држава се одлучи да биде дел од НАТО пред 30 години. Ваквото патешествие бараше истрајност, одлучност и посветеност на реформи. Со политичка храброст и визија успеавте да постигнете историски компромис со Грција. Преспанскиот договор го овозможи членството во НАТО. Истиот договор придонесе и во добрососедските односи за посветла иднина на народот на Северна Македонија. Во март 2020 година, конечно ја постигнавте вашата амбиција и станавте полнправна членка на НАТО – додаде Столтенберг.

Тој посочи оти е уверен дека членството во НАТО на Северна Македонија беше поздравено како светло во темнината. Како што рече, дури и во првите денови, придобивките од членството за државата беа очигледни.

– Денес сојузниците во НАТО гарантираат за безбедноста на Северна Македонија. Сојузниците стојат рамо до рамо да заштитат и да се одбрнаат од другите – додаде Столтенберг.

Поврзани содржини