По изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека „намерно се застаруваат предмети, мора да се открие зошто“, инфлуенсерот Иљче Затаркоски се впушти во еднострана преписка со шефот на државата.
„Шо знам Шерлок, ваљда гените им се такви па побрзо стареет, не гледам друга причина…“, напиша Иљче во својот прв коментар.
Но, не остана на тоа…
Набрзо инфлуенсерот се огласи со ново обраќање до Пендаросвки:
„Господине Стево Пендаровски, исто треба да се открие зошто застаруваат делата само на политичарите, а не и на сиромашните.
Се игра некоја игра.“
И пак потоа:
„Стево Пендаровски, исто така пожелно е да се открие кој потпишува закони со кои делата застаруваат уште побрзо од планираното.“
Набрзо духовитиот Иљче почна да интимизира со претседателот:
„Стево Пендаровски, извини вака, можда досадвам, ама уште нешо ми текна…ко некој намерно да го пушти и Груевски да избега…
Многу истраги ни се отворија упм, ак требит помош титни, ќе те блокирам!“
Вечерта…
„Стево Пендаровски, ќе ти посакав убави сништа, ама знаејќи дека криминалот никогаш не спие, значи не спиеш ни ти.
Се пишиме сабајле.“
И доцна во ноќта инфлуенсерот остана буден…
„Стево Пендаровски, сега ко се запознавме подобро…дан имаш 100 евра на заем до први?!“
Утредента, на празникот на револуционерната борба:
„Добар ден Стево Пендаровски Знам дека е неработен ден, ама за нас детективите нема одмор, па ми текна: ко некој намерно да искористи криминални разговори за да дојде на власт, а после го укина СЈО, ги затвори сите истраги и ги забрани бомбите за никој да не оди во затвор.
Многу сомнително.“
Последната порака (засега) на Иљче до шефот на државата, од вечерта на 23 октомври:
„Стево…спијаш?! Нешо ми текна…и Грујо ко некој намерно да го пушти да избега.
Туку, сега сме на ти, за тие 100 евра шо прајме? Или ќе ми ги должиш?“
Стотици лајкови, смајлиња и коментари ги проследија Иљчевите „филипики“ за Стево Пендаровски. Дали доби 100 евра на заем, не знаеме.
Одамна не сме виделе ваква серија…