НОВА ТРЕВА ПРЕД МЕЧОТ СО АНГЛИЈА Се менува тревникот на арената „Тодор Проески“

Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова ,најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции“, велат од акционерското друштво.

302

Националната арена „Тодор Проески“ добива нова трева, откако претходната беше уништена од паразит, информираше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

„Отпочнуваме со активности на Националната арена „Тодор Проески“ во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи коешто последен пат е изведено во 2012 година. Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова ,најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции“, велат од акционерското друштво.






Дополнително, оттаму додаваат дека активно се работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште.

„Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакнато кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран. Новите услови на Националната арена  ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал  и генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во РСМ“, информираат од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Македонската фудбалска репрезентација последниот натпревар од групата Ц во квалификациите за ЕУРО 2024 ќе го одигра на 20 ноември кога нагости ни доаѓа селекцијата на Англија.

ПАРАЗИТ ГО ЈАДЕЛ ТРЕВНИКОТ НА СТАДИОНОТ ВО СКОПЈЕ Проблемот бил забележан уште во јуни

Поврзани содржини