АХМЕТИ НЕ ЈА ЗБОРУВА ВИСТИНАТА Заев тврди дека немал тајни средби за Кривичниот законик

Ахмети во интервју за ТВ 21 кажа дека имало неколку тајни средби изминативе неколку години и начелни договори, последен од нив се повлекол актуелниот претседател на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

1,939

Не точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и Никола Груевски за Кривичниот законик, вели вечерва за ТВ 24 поранешниот премиер Зоран Заев по изјавата на неговиот екс-коалициски партнер Ахмети дека на тајни средби се догаварале контроверзните измени на КЗ со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.

– Не точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина – вели Заев.






Ахмети во интервју за ТВ 21 кажа дека имало неколку тајни средби изминативе неколку години и начелни договори, последен од нив се повлекол актуелниот претседател на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

НЕ СМЕ ИМАЛЕ ДОГОВОР СО ВМРО-ДПМНЕ НИТУ ЗА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НИТУ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Али Ахмети вели дека постоеле такви разговори со Груевски, но Мицкоски ги прекинал

Поврзани содржини