ПОЖАРОТ НАД АЈВАТОВЦИ НЕКОНТРОЛИРАНО СЕ ШИРИ Има опасност ветрот да го сврти кон селото
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов вели дека се прават обиди за локализирање на пожарот во текот на ноќта, а утре ќе бидат употребени и авион и хелекоптери за гасење.
Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума, посочи вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
– Постои опасност од ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе се фокусираат да го сопрат огинот да се движи кон селото – изјави Ангелов.
Тој информира дека пожарот е веќе излезен од атарот на скопското село Ајватовци и додаде дека е изгорени и Ајватовски рид.
Ангелов најави дека уште од рано наутро двата полициски хеликоптера ќе почнат да дејствуваат на пожарот, а нешто подоцна ќе им се приклучат и двата авиони ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.
– Во овој момент ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта – рече тој.