ЧЕСИ ГИ ОСТАВИЛЕ ДЕЦАТА ВО ВЖЕШТЕН АВТОМОБИЛ НА ПАРКИНГ ВО ЗАДАР Мајката ја пцуеле Бразата помош што дошла да ги спаси

Граѓаните ги забележале децата во автомобилот кој бил паркиран под настрешница, но не бил заштитен од сонцето и повикале Брза помош и полиција, пренесуваат хрватските медиуми.

593

Вчера попладне родители од Чешка ги оставиле децата во вжештена кола на паркингот на продавница во Задар. Граѓаните ги забележале децата во автомобилот кој бил паркиран под настрешница, но не бил заштитен од сонцето и повикале Брза помош и полиција, пренесуваат хрватските медиуми.

Полициски службеници констатирале дека во незаклучен автомобил со чешки регистерски таблички, паркиран под настрешницата на паркингот пред трговскиот центар има две деца, од кои едното спиело додека чекале во автомобилот да се вратат нивните родители кои биле во продавницата.






На децата веднаш им била укажана лекарска помош на местото на настанот, при што било констатирано дека се во добра здравствена состојба, а полицијата во соработка со други надлежни институции  извршила увид на местото на настанот.

„Ги потсетуваме и предупредуваме родителите да не ги оставаат децата сами во затворени автомобили, бидејќи последиците може да бидат трагични или да доведат до сериозно оштетување на здравјето на детето“ – предупредуваат од хрватската полицијата.

Според очевидец на настанот, мајката наместо да се заблагодари, ги пцуела луѓето што побарале помош и вработените од брзата помош кои интервенирале да ги спасат децата, а таткото му се развикал на поголемото од децата.

– Почна да му вика на постарото момче кое седеше во Итната помош. Медицинската сестра од Итната помош му рече дека момчето не е виновно за ништо и дека биле повикани од човек кој ги забележал сами во автомобилот – раскажа сведокот за хрватскиот портал 24сата.

Поврзани содржини