СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ИЗНЕСУВА 48.543 ДЕНАРИ За неа се трошат две минимални плати
Од ССМ која ја пресметва кошничката велат дека иако има благо намалување нанејзината вредност во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.
На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.
Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.
За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19.805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13.416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.