СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ЗА ОКТОМВРИ ИЗНЕСУВА 70.358 ДЕНАРИ Поскапа е од септемвриската за 926 денари

Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалаци домаќинствата трошат 26.170 денари, за сметки 6.379 денари, за транспорт 5.468 денари, додека, пак,за образование овој месец се потребни 7.192 денари.

1

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2026 година изнесува 70.358 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година, која изнесува 69.432 денари е зголемена за 926 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец октомври изнесува 85.733 денари.






Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалаци домаќинствата трошат 26.170 денари, за сметки 6.379 денари, за транспорт 5.468 денари, додека за образование овој месец се потребни 7.192 денари.

Поврзани содржини