ПОВЕЌЕ ОД 1,1 МИЛИОН ТУРИСТИ ЗАКЛУЧНО СО СЕПТЕМВРИ Турците се најбројни

Бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8% и изнесува 365.067 туристи, а на странските изнесува 757.197 што е повеќе од лани за 3% .

0

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во септември. Тие оствариле 264.370 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 24,9% биле домашни, а 75,1% странски туристи. Кај остварените ноќевања, 33,8% биле од домашните, а 66,2% од странските туристи.






Најголем број странски туристи во септември дошле од Турција, вкупно 27.933. Следуваат туристите од Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Во периодот јануари – септември 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3% во споредба со истиот период минатата година и изнесува 1.122.264. Притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8% и изнесува 365.067 туристи, а на странските изнесува 757.197 што е повеќе од лани за 3% .

Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 3,5%. Кај домашните туристи растот изнесува 2,4%, а кај странските 4,6%.

Поврзани содржини