„БЛАЦЕ-ЕЛЕЗ ХАН“ И „ЈАЖИНЦЕ-ГЛОБОЧИЦА“ Ќе има два заеднички гранични премини со Косово

524

Владата информира дека на денешната седница го разгледала и го усвоила Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан” и „Јажинце – Глобочица”, и го разгледала и го прифатила усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади, за воспоставување на овие два заеднички гранични премини.

Определен е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во име на Владата да го потпише Договорот.






„Целта на склучувањето на овој Договор е воспоставување заеднички гранични премини: „Јажице – Глобочица” – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила и „Блаце – Елез Хан” – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Поврзани содржини