МАЛДИНИ ДОБИ ОТКАЗ ВО МИЛАН Несогласувањата околу трансфер буџетот го скараа раководството

Со него заминува и спортскиот директор на клубот, Фредерик Масара.

192

Легендата на Милан, Паоло Малдини се повлече од функцијата технички директор на клубот. Со него заминува и спортскиот директор Фредерик Масара.

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека сопственикот на клубот, Џери Кардинале ги известил менаџерите дека не се вклопуваат во плановите на организацијата и затоа се ослободени од нивните должности. Ова им било соопштено на синоќешната средба.






Комплицираните односи меѓу Малдини и Масара од една страна и Кардинале од друга страна и имаа сериозни несогласувања околу трансфер буџетот се наведуваат како главни причини за смената во раководната структура на Милан.

 

Според италијанските медиуми до разидувањето дошло откако Малдини побарал поголема автономија и зголемени трошоци за нови играчи, додека сопственикот сака да се продолжи во согласност со сегашниот бизнис модел. Исто така тој им замерил на директорите за скапиот трансфер на Шарл де Кетеларе кој не ги оправдал очекувањата.

Милан сезоната во Серија А ја заврши на 4.место не успевајќи да го одбрани шампионскиот трофеј.

Поврзани содржини