ЕЛМАС ПРЕД НОВА АВАНТУРА ВО ИТАЛИЈА? Македонецот доби понуда од калчолигаш

Македонскиот репрезентативец сè уште не донел конечна одлука и побарал време да размисли за преселба во нов клуб.

0

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел и следната сезона да остане во Серија А, откако за неговите услуги интерес покажала Фиорентина.

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објави дека клубот од Фиренца веќе му испратил понуда на Елмас, кој во моментов ја разгледува можноста за преселба во нова средина.






Според информациите, македонскиот фудбалер сè уште нема донесено конечна одлука и побарал време за да размисли дали да прифати нов предизвик во италијанскиот шампионат.

За Елмас Серија А не е непозната територија. Македонецот претходно го носеше дресот на Наполи, со кој ја освои шампионската титула во Италија, а потоа настапуваше и за Торино.

Во досегашната кариера Елмас играше и за Работнички, Фенербахче и Лајпциг.

Преселбата во Фиорентина би значела негово продолжување во италијанскиот фудбал, но конечната одлука останува на македонскиот репрезентативец.

Поврзани содржини