ОСУМ ПОЖАРИ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА Гори нискостеблеста шума кај Драгов Дол, пожар беснее и кај Делчево

Најсериозна е состојбата во Македонски Брод, каде што пожарот кај местото Видуш зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

0

Осум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска, од кои еден сè уште е активен, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во местото Видуш, во близина на селото Драгов Дол. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.






Пожар е регистриран и во Делчево, каде што горела градската депонија. Според ЦУК, овој пожар е ставен под контрола.

Во текот на денот се изгаснати уште шест пожари на отворен простор.

Во општина Виница горела ниска вегетација во селото Блатец, додека пожар на ниска вегетација бил регистриран и во населбата Света Петка во Штип.

Во општина Центар Жупа бил изгаснат пожар на депонија во селото Горенци.

Пожар бил пријавен и во општина Лозово, непосредно до Филтерната станица за вода, каде што горело ѓубре.

Во Куманово, во населбата Средорек, бил изгаснат пожар на ѓубре.

Последниот од шесте изгаснати пожари бил регистриран во општина Врвеница, во селото Милетино, каде што горела шума.

Од ЦУК информираат дека состојбата со пожарите на отворен простор се следи и дека надлежните служби постапуваат согласно состојбата на теренот.

Поврзани содржини