КОНГРЕСОТ НЀ ИЗБРА, КОНГРЕСОТ ТРЕБА ДА НЀ РАЗРЕШИ Меџити потенцира дека останува потпретседател на ДУИ
Ова е сосема различно ДУИ од тоа што ние го познаваме. Одлуките ги носи Артан Груби сам, и „де факто“ тој е лидер на ДУИ, а не Али Ахмети, рече Меџити.
Пратеникот од ДУИ Изет Меџити вечерва изјави дека тој е потпретседател и член на партијата, и така ќе биде и понатаму.
Во емисијата Клик Плус на ТВ 21 Меџити рече дека тој и петмината негови партиски колеги од т.н „огнена група“ не се „самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ.
– Доколку конгресот одлучи да ги разреши, додаде тој, тогаш е сосема поинаку, затоа што конгресот ги избрал, а не неколку ченови на ДУИ – рече Меџити.
Меџити упати критики кон раководството на ДУИ посочувајќи дека во партијата има целосна анархија и не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството и не се дебатира за важни теми, а се закажуваат и тајни состаноци.
– Ова е сосема различно ДУИ од тоа што ние го познаваме. Одлуките ги носи Артан Груби сам, и „де факто“ тој е лидер на ДУИ, а не Али Ахмети – рече Меџити.