(ВИДЕО) ДЕНЕСКА СЕ ИЗЖИВУВА ВРЗ МАЧКА, УТРЕ ВРЗ ДЕЦА! Анима Мунди бара да се санкционира млад насилник од Лисиче
Млади лица, небаре деца, кои покажуваат олку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни, подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе – пишува Анима Мунди.
Здружението за заштита на животните Анима Мунди објави видео на кое извесен Д.Д. од Лисиче се изживува насилно врз мачка. Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување – велат од Анима Мунди во објавата.
„Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи, според сведоштвата, тој ја удирал од земја неколкупати со што ѝ нанел очигледни повреди и траума. Ваквите слики од млади лица, кои судејќи по смеењето во заднина, на видеото и задоволството во изживување врз живо битие, се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар. Млади лица, небаре деца, кои покажуваат олку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни, подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе.
Бараме од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина“, напиша здружението на Фејсбук.