НОВА НАГРАДНА ИГРА НА 2WIN.MK „Сврти, типувај и награди собирај“ носи 13.800.000 денари, ама и Мерцедес GLB
Во рамките на наградната игра ќе се доделат вкупно 200 награди од кои 30 се стокови награди, а 170 се парични награди.
„Сврти, типувај и награди собирај“ е новата наградна игра на Видеолотарија Касинос Австрија. Наградната игра има збирен износ од фантастични 13.800.000 денари и главна награда Мерцедес GLB.
– Ние континуирано го следиме задоволството на играчите. За нив, подготвивме нов награден предизвик на играчката платформа 2win.mk, која има богат фонд на парични и стоковни награди – велат од Видеолотарија.
Наградната игра ќе се одвива во две фази. Првата фаза е „Турнирска фаза“ а втората „Дополнителна игра среќно тркало“. Во наградната игра ќе се доделуваат награди во две категории: видеолотариски и електронски игри и спортско обложување.
Главните награди се автомобил Мерцедес GLB во двете категории. Целокупната наградна игра во двете фази ќе трае од 03.04.2023 година до 01.07.2023 година, вклучувајќи го и 01.07.2023 година до завршетокот на дополнителната игра „Среќно тркало“. Правилата на наградната игра се достапни на платформата 2win.mk.
Турнирската фаза ќе трае од 03.04.2023 година до 25.06.2023 година, вклучувајќи го и 25.06.2023 година, заклучно до 23:59 часот.
Во текот на наградната игра ќе се доделуваат награди во секое од 3-те кола во секоја категорија, како и главни награди на крајот на Турнирската фаза во секоја категорија. Колата во Турнирската фаза се во следните периоди на времетраење:
Коло | Почеток на фаза 1 | Крај на фаза 1 |
I коло | 03.04.2023 00:00 часот | 30.04.2023 23:59 часот |
II коло | 01.05.2023 00:00 часот | 28.05.2023 23:59 часот |
III коло | 29.05.2023 00:00 часот | 25.06.2023 23:59 часот |
Во Турнирската фаза учесникот може да освојува поени во секоја категорија, од по еден добитен спин/рунда односно тикет, кој носи најмногу поени во периодот на добивка. Периодите на добивка се календарските денови од турнирската фаза на наградната игра со почеток од 00:00 часот до 23:59 часот.
Во видеолотариските и електронски игри, учесникот во наградната игра освојува поени од по еден добитен спин/рунда кој му носи најмногу поени во периодот на добивка. Минималниот влог во спинот/рундата за освојување поени е 40 денари.
Во спортско обложување, учесникот освојува поени од по еден добитен тикет во периодот на добивка кој му носи најмногу поени. Минималниот влог на тикетот за освојување поени е 100 денари.
Фаза 2, Дополнителната игра „ Среќно тркало“ за секое коло ќе се одржи во просториите на Државна Видеолотарија на Македонија или на друга локација која ќе биде јавно објавена и проследена до квалификуваните учесници, на следните датуми:
Коло | Датум/Почеток Фаза 2 |
I коло | 06.05.2023/ 12:00 часот |
II коло | 03.06.2023/ 12:00 часот |
III коло | 01.07.2023/ 12:00 часот |
Главни награди | 01.07.2023/ 14:00 часот |
Во Фаза 2 од наградната игра се квалификуваат првите 10 најсреќни учесници на официјалните ранг листи од наградната игра за секоја категорија, како во месечните кола, така и за главните награди на крајот на последното коло.
Во рамките на наградната игра ќе се доделат вкупно 200 награди од кои 30 се стокови награди, а 170 се парични награди.