НЕМА ПАРИ ЗА УЧЕБНИЦИ, А ИМА ЗА ТЕНДЕРИТЕ НА БРАТОТ НА ГРУБИ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не му верува на министерот за образование

„Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците“, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

145

Изјавата на министерот за образование Јетон Шаќири дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДСМ и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта. Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците“, се наведува во партиското соопштение.






ВМРО-ДПМНЕ посочува дека потребни се промени.

„Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени“, велат од партијата на Христијан Мицкоски.

НЕМА ПАРИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ ЗА СИТЕ УЧЕБНИЦИ Шаќири вели дека има многу стручни предмети за сите да бидат покриени

Поврзани содржини