FASHION WEEKEND SKOPJE ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ Модата е уметност, a дизајнот знае за етика

201

Fashion Weekend Skopje, со оправдано уверување дека модата е уметност, повеќе од две децении го организира Модниот викенд, кој оваа година од 9 до 11 март по 26 пат ќе се случи на нова локација и со нов концепт.

Мотото на 26-то издание на FWSK е “Јазикот на етиката и дизајнот”, локацијата ќе биде East Gate Mall, а календарски и концептуално настанот се вклопува во Деновите на италијанскиот дизајн, при што ова издание се реализира во тесна соработка со Италијанската амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.






Модниот викенд годинава прави спој на возбудата и гламурот кои ќе го донесат италијанските славни брендови  во Скопје со ревиите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO…

Но и на домашните дизајнерски сили на модната сцена:

“Hope this feels familiar” е соработка помеѓу модната дизајнерка Теодора Митровска и визуелниот уметник Душан Стефановски, потоа модна ревија на студентите на Интернационалниот институт за мода Изет Цури, ќе биде претставена колекцијата “Goddess” на EMIRA YMERI, свое претставување ќе има и YAMUNA SHOW со уникатна колекција на марами – powered by IQOS.

Најавен е и цел блок посветен на THE BRIDAL FASHION со колекции на „Ал Апарел” на Наташа Карчева, SIGMA Jewelry, VLORA & KALTRINA и FA-BU на Јагода Пачемска.

Програмата во трите денови ќе ги претстави најважните аспекти на овој проект, пред сѐ развојот на авторскиот моден дизајн на кој FWSK е посветен од самите почетоци и за кој низ овие 26 години дал непроценлив придонес. Бројни дизајнери, преку оваа смотра започнаа, растеа и се формираа до препознавање дома и надвор.

Активизмот на FWSK, низ бројни општествено  одговорни проекти најмногу поврзани со циркуларната мода, со години наназад го врти вниманието кон одредени проблеми во нашето опкружение и иницира начини да се приближиме кон решавањето на истите.

Оттука, годинава се планирани панел дискусии:

“SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT” на кој ќе говорат истакнати дизајнери, екпсерти и истражувачи, а модератор ќе биде Гордана Вренцовска, универзитетска професорка, уметник и дизајнер. Почесен гостин на настанот ќе биде Арслан Додо, еден од најреномираните и наградувани италијански дизајнери на светско ниво.

Ќе има презентација на ‚‚3D и модна индустрија” – инфо ден на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и Македонското модно здружение со дигитална модна ревија на Искра Џокиќ Кецап.

 

Поврзани содржини