НЕ МУ ДАВАЈТЕ ОРУЖЈЕ НА АГРЕСОРОТ Шолц ѝ порача на Кина дека со нивната помош војната во Украина нема да запре

Според Шолц, разочарувачки е тоа што Кина се воздржува од осуда на руската инвазија. Сепак, федералниот канцелар ги поздрави напорите на Пекинг за намалување на нуклеарните тензии.

320

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да не и испраќа оружје на Русија како помош во војната против Украина, туку наместо тоа да ја притисне Москва да ги повлече своите војници од оваа земја, пренесоа британските медиуми.

Според Шолц, разочарувачки е тоа што Кина се воздржува од осуда на руската инвазија. Сепак, федералниот канцелар ги поздрави напорите на Пекинг за намалување на нуклеарните тензии.






– Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание во Москва за да повикате на повлекување на руските трупи – рече Шолц во говорот во германскиот Парламент.

– И не му испорачувајте никакво оружје на агресорот Русија – потенцираше Шолц во говорот.

Поврзани содржини