И ЗАЕВ ВЛЕТА ВО ПОЛЕМИКАТА За Саше Политико изјавил дека Латас плачел и од него барал помош за лечење на својот син болен од канцер

„Никогаш не сум се ни сретнал ни слушнал со Зоран Заев, ова е лага. И тоа пакувана со злоба и подлост. Болен од карцином, мојот син се лекувал исклучиво со приватни пари за што постојат фактури, обезбедени со продажба на стан, за што е известено и СЈО за да знае која е целта и намерата за продажба на станот и парите од него", возвраќа Латас.

4,276

Во полемиката за настапот на Драган Павловиќ Латас во подкастот на јутуберот Стефан Лазаров, синоќа се вмеша и премиерот Зоран Заев, со ексклузивна изјава за порталот Мактел на Саше Политико.

Во подкастот на Лазаров, запрашан дали се кае за интервјуто со Заев во вестите на Сител во 2016 година, Латас изјави дека не се кае и дека е горд што тоа е најгледано интервју на интернет со преку 2 милиони прегледи. Според Саше Политико, Латас изјавил дека Заев по интервјуто се обидел да го уништи и него и целото негово семејство за да му се одмазди, дека уредникот на Сител паднал во депресија поради прогонот на СЈО и дека дури размислувал и да се самоубие.






На сето ова, во изјава за Мактел, реагирал екс-премиерот Зоран Заев:

– Многу лош и злобен човек, му помогнав и нему и на неговиот син кој требаше да се лечи во Германија, дојде да ме моли и да плаче во кабинет кога станав премиер, јас простувам и не сум злопамтило особено помагам на оние кои се во неволја без разлика што направиле против мене и моето семејство… Нека му служи на чест што ниту е благодарен па дури и ја манипулира и лаже јавноста дека сум сакал да му наштетам и да му се одмаздам.

Во врска со оваа изјава на Фејсбук се огласи Латас. Тој вели:

– Никогаш, никаде, ни приватно ни службено, ни на улица ни во канцеларија… никаде не сум се сретнал со Зоран Заев освен при неговото гостување во Сител.

– Никогаш, ниту телефонски, не сум разговарал со него, и немам негов телефонски број. Заев лаже. Заев лаже. Заев лаже, ама тоа ви е на сите познато. Но, ни јас не сум верувал дека е гнаса до ова ниво. Да изјави дека „сум плачел кај него во канцеларија за да молам помош да се лекува мојот син во Германија“ е најдолна можна манипулација со трагедија на едно семејство во таква ситуација и со судбина и состојба на, во тоа време, болен млад човек.

– Бидејќи никогаш не сум се ни сретнал ни слушнал со Зоран Заев, ова е лага. И тоа пакувана со злоба и подлост. Болен од карцином, мојот син се лекувал исклучиво со приватни пари за што постојат фактури, обезбедени со продажба на стан, за што е известено и СЈО за да знае која е целта и намерата за продажба на станот и парите од него.

– А Зоран Заев вели „плачеше кај мене во кабинет да му помогнам…“. Па, просудете сами со кого имаме работа. Ова е веќе на граница на негова ментална состојба, ако не и потаму.

– Како би се чувствувал било кој од вас во оваа прилика? Патронот на хајките не издржа да не се појави и сега, и стави тонч на нивната хајка. Политичка. Партиска. Заевистичка, со ова потпишана лично од него – одговара Латас

Поврзани содржини