ТРАЈАНОВ МУ ВРАТИ НА КОВАЧЕВСКИ Се надевам дека не е, но и нема да биде заложник на ДУИ
Лидерот на ДС додава дека како и досега, нема намера никого да дискредитира, но подготвен е да учествува во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата.
Лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов се огласи по нападите од страна на премиерот Димитар Ковачевски.
– Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам. Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на “комуникација” и на ист начин можам да изјавам дека “се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ” – вели Трајанов во реакцијата.
Тој додава дека како и досега, нема намера никого да дискредитира, но подготвен е да учествува во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата.