БАРИКАДИТЕ УШТЕ СТОЈАТ, ДВА КАМИОНИ ИЗГОРЕЛЕ Отстранувањето треба да започне утринава, но „не може да се тргнат за два часа“
Зборувајќи пред јавноста доцна синоќа по средбата со претставници на Србите од северот на Косово во касарната во Рашка, Вучиќ рече дека „отстранувањето на барикадите не е лесно и тие не можат да се отстранат за два часа".
Сè уште не е започнато отстранувањето на барикадите на Рудар, ниту пак на луѓето на барикадите им е кажано кога ќе бидат отстранети, јави РТС, пренесе Бета. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово треба да започне денеска во утринските часови.
Зборувајќи пред јавноста доцна синоќа по средбата со претставници на Србите од северот на Косово во касарната во Рашка, Вучиќ рече дека „отстранувањето на барикадите не е лесно и тие не можат да се отстранат за два часа”.
Во меѓувреме, две кабини на камиони од барикадите во местото Дудин Крш во Митровица изгореле. Причината за пожарот уште не е позната, јавува дописникот за Спутник.