НАПАДНАТ СОВЕТНИК ОД КАРПОШ Од општината велат дека Илиески добивал закани поради ставовите
Непознатиот напаѓач, како што велат од општината, ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето од кои му нанел видливи повреди. За среќа, инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал.
Од Општина Карпош информираат дека утрово е нападнат советникот Александар Илиески од непознато маскирано лице, при што му биле нанесени видливи повреди.
Како што стои во соопштението нападот се случил во 7.40 часот пред трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа.
Непознатиот напаѓач, како што велат од општината, ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето од кои му нанел видливи повреди. За среќа, инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал.
– Илиески, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош во изминатиот период јавно изразуваше несогласување со политиките и одлуките на партијата. Поради неговите ставови, советникот во повеќе наврати се жалеше дека добивал сериозни закани по живот преку СМС пораки од непознати броеви, како и од страна на висок општински функционер во ВМРО-ДПМНЕ во разговор со неговиот татко. Од Илиески се барало да се откаже од советничката функција во Општина Карпош, а за возврат партијата би му ги исплатила паушалите до крајот на советничкиот мандат. Доколку не го стори тоа му било порачано дека може да му се случат „лоши работи“. Сите овие закани веќе се пријавени во МВР – велат од општината.
Александар Илиески, веднаш по инцидентот беше во полициска станица Карпош каде што даваше изјава за физичкиот напад.