НА ПАРТИЗАНСКА ИЗУТРИНАВА КОЛОНАТА КРАЈ НЕМА! Метежот на скопските улици не запира (Видео)

Сообраќајот е затворен пред владата на правците од мостот Гоце Делев и од булеварот ВМРО. Овој протест го предизвика и застојот на Партизанска.

545

Иако втобусите изутринава сообраќаа, на скопските улици повторно е невиден метеж, особено на булеварот Партизански одреди во правец кон центарот на градот. Километарска колона возила по Партизанска буквално стоеше во место, додека возачите се фрустрираа во обид да стигнат на своите работни места.

Автобусите на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако градскиот совет на Скопје пренамени средства од буџетот за плата за вработените во ЈСП. Сепак, пред владата на улицата Илинденска и утрово има паркирани автобуси на ЈСП Скопје. Сообраќајот е затворен пред владата на правците од мостот Гоце Делев и од булеварот ВМРО. Овој протест го предизвика и застојот на Партизанска. Нема информации за тоа колку ќе трае блокадата.






Поврзани содржини