АВТОБУСИТЕ ПО ПРОВЕРКИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА ЛИНИИТЕ Од ЈСП велат безбедноста на патниците е приоритет
Од ЈСП велат дека нема да дозволат било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните.
Јавното сообраќајно претпријатие информира дека по проверките ос страна на полициски екипи автобусите се вклучуваат на редовните линии, откако имаше дојава за бомба.
„По налог на МВР утринава, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР“, се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека нема да дозволат било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните.
„Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието3, се вели во соопштението.