ПОЖАРОТ ИЗГАСНАТ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ Се запали возило кај Рампа (ФОТО+ВИДЕО)
Според фотографиите и видео-снимките кои се појавија на социјалните мрежи, возилото марка сеат ибица кое се движело во правец од Кисела вода кон Центар на булеварот 11 Октомври, одеднаш почнало да чади во пределот на моторот.
Пред околу два часа се запали автомобил во движење се запали на булевар 11 Октомври кај Стара Рампа, според неофицијални информации, нема повредени лица.
Според фотографиите и видео-снимките кои се појавија на социјалните мрежи, возилото марка сеат ибица кое се движело во правец од Кисела вода кон Центар на булеварот 11 Октомври, одеднаш почнало да чади во пределот на моторот.
Како што може да се забележи на фотографиите, први на помош на сопственикот му притрчале сопствениците на дуќанчиња кои се во непосредна близина на семафорот кои со ПП апарати почнале да го гаснат пожарот, но и вработени на ЈП Водовод и канализација кои со возило-цистерна минувале во овој дел на градот.
Како што говорат очевидците, за многу кратко време пристигнало и едно возило на противпожарната бригада на Град Скопје кои веднаш реагирале и го изгасиле пожарот, при што е причинета само материјална штета.
