НЕМА ДА ГО ВОВЛЕКУВАМ Селена Гомез покажа како реално изгледа нејзиниот стомак во костим за капење (ВИДЕО)

Нејзината последна објава на ТикТок е посветена на нејзиниот стомак, односно на пораката дека треба да се прифатите и сакате такви какви што сте, без стремење кон „совршена убавина“.

1,979

Познатата актерка и пејачка Селена Гомез отсекогаш отворено зборувала за важноста на позитивниот однос кон своето тело, а сега тоа го преточила и на дело. Нејзината последна објава на ТикТок е посветена на нејзиниот стомак, односно на пораката дека треба да се прифатите и сакате такви какви што сте, без стремење кон „совршена убавина“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)







„Вистинските стомачни мускули се враќаат“, порачала Селена.

Снимката настанала додека Селена лежела на сонце во костим за капење кој ја истакнувал нејзината фигура. Косата ја собрала во неуредна пунџа, а доза на гламур на инаку опуштениот стајлинг додале нејзините големи златни обетки.

Селена притоа го покажала и своето природно лице без шминка и пред камерата се појави со целосно чисто лице.

„Вовлечи го! Нема да го вовлекувам. Вистинските стомачни мускули се враќаат, во ред?”, порачала таа.

 

@selenagomezVaca self♬ original sound – unwinewithtashak


На почетокот на оваа година, Селена уживаше во оброк за брза храна и даде до знаење дека не и е грижа што ќе кажат за тоа оние кои ги посрамотуваат жените поради нивниот изглед.

„Совршена сум таква каква што сум“, порачала тогаш славната актерка и пејачка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Поврзани содржини