КУРТИ БАРА ДЕЛ ОД ЦРНОГОРСКАТА ТЕРИТОРИЈА Во Подгорица на власт беше влада со проруски елементи
Се надевам дека Црна Гора наскоро ќе добие нова влада, со која ќе можеме да разговараме, за разлика од претходната во која имаше проруски елементи, изјави косовскиот премиер.
Косовскиот премиер Албин Курти посочи дека решението околу разграничувањето со Црна Гора, ќе го прави со новата влада која е во формирање.
Тој вели дека ќе ја исправи грешката, кога 8.200 хектари земја ѝ припаднале на Црна Гора, за која Курти смета дека е составен дел на Косово.
– Се надевам дека Црна Гора наскоро ќе добие нова влада, со која ќе можеме да разговараме, за разлика од претходната во која имаше проруски елементи – изјави премиерот.
Во меѓувреме се огласи и се уште актуелниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, кој истакна дека неговиот косовски колега дал мошне опасна изјава, со која се загрозува територијалниот интегритет на неговата земја.
– Ме зачудува што досега нема никаква реакција од неуставниот мандатар Дритан Абази – истакна Кривокапиќ.