И АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ АКТИВНИ НА УКРАИНСКАТА ГРАНИЦА Заедничка вежба со полската војска

САД и Велика Британија неодамна распоредија дополнителни 1.700, односно 350 војници во Полска. Пентагон подоцна најави испраќање на уште 3.000 војници во Полска.

877

Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

– Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија – напиша Блашчак на Твитер.






САД и Велика Британија неодамна распоредија дополнителни 1.700, односно 350 војници во Полска. Пентагон подоцна најави испраќање на уште 3.000 војници во Полска.

Поврзани содржини