ЦЕЛТА Е ДА ВИДАМ КОЛКУ ЌЕ ЖИВЕАМ Маж јаде само сурово месо повеќе од 2 месеци (ВИДЕО)
Eкспертите сметаат дека оваа диета е всушност „руски рулет“, бидејќи суровото месо содржи многу видови бактерии кои можат да предизвикаат салмонела, ешерихија коли, а може да доведат до труење со храна и стомачни проблеми.
Во последниве години, можеме да сретнеме се повеќе луѓе кои се вегетаријанци, вегани или имаат свој специфичен начин на исхрана.
Сепак, човекот кој на социјалната мрежа Инстаграм е познат под псевдонимот „rawmeatexperiment“ реши да оди чекор понатаму.
Имено, тој пред речиси три месеци донел одлука да го тестира својот организам јадејќи исклучиво сурово месо.
Како што вели, сака да знае колку време ќе му треба за да добие некоја бактерија од ваквиот начин на исхрана.
Според него, тој не чувствува никакви проблеми или симптоми, а целото свое искуство секојдневно го објавува на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Сурово говедско, свинско, јагнешко, лосос – сето тоа е составен дел од неговото мени, а пред оброк задолжително пие чаша млеко и неколку јајца.
– Сакам да проверам колку време ќе ми треба да се разболам. Целта е да видам колку долго ќе живеам – пет дена или 500 години. Но, најважно е да се забавуваме во целиот овој процес – рече тој.
Тој тврди дека ваквиот начин на исхрана му го променил здравјето, бидејќи смета дека бил повеќе склон кон болести и умор од преработената храна што ја јадел претходно.
– Пред извесно време бев на веганска диета, но тоа не ми одговараше, па почнав да јадам само сурово месо и можам да кажам дека се чувствувам одлично – објаснил овој човек.
И покрај неговите тврдења, експертите сметаат дека оваа диета е всушност „руски рулет“, бидејќи суровото месо содржи многу видови бактерии кои можат да предизвикаат салмонела, ешерихија коли, а може да доведат до труење со храна и стомачни проблеми.
View this post on Instagram