ВАКА ИЗГЛЕДААТ ДЕНЕС ДЕЦАТА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН Парис е нереално убава, најмладиот син не сме го виделе со години (ФОТО)

На бродвејскиот мјузикл се појавиле и трите деца на Мајкл Џексон – Парис, Принц и Принц Мајкл втори попознат по прекарот Биги или по некогашниот прекар Бланкет (Ќебе).

3,628

Бродвејскиот мјузикл посветена кралот на поп-музиката – Мајкл Џексон, не ги собрал само „обичните“ Американц, туку таму се појавиле и неговите деца за кои денес не се знае толку многу.

Во театарот „Нил Сајмон“ било приредено ново бродвејско шоу за еден од најславните уметници Мајкл Џексон.






Мјузиклот под назив „MJ: Мusical“ се одвивал на Бродвеј, а е посветен на Мајкл Џексон, кој го одглумил Мајлс Фрост.

Црвениот тепих по тој повод бил неизоставен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🇮🇹 (@mjlegendarysoul)


На овој спектакл се појавиле и трите деца на Мајкл Џексон – Парис, Принц и Принц Мајкл втори попознат по прекарот Биги или по некогашниот прекар Бланкет (Ќебе).

Биги Џексон не се појавува во јавноста веќе со години, а ова е првпат по долго време да го видиме јавно. Пред тоа се појавил само во емисијата „Добро утро Британијо“, минатата есен кога зборувал за климатските промени.

Парис и Принц прошетале на црвениот тепих пред шоуто, а своите места ги зазеле кога светлата се изгасиле и тоа во друштво на нивниот најмлад брат Биги.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Quién (@quiencom)

Во текот на овој мјузикл, Парис плачела во публиката, а особено емотивен бил и моментот кога главата ја потпрела на рамото својот брат.

Од театарот излегла со своите браќа пред светлата да се вклучат, а завесата да се спушти, не чекајќи го громогласниот аплауз на крајот.

Да потсетиме, Принц и Парис се децата кои Мајкл ги добил со медицинската сестра Деби Роу, својата втора сопруга. Биги го родила сурогат мајка. Сите три ги одгледувал на ранч.

Биги во јавноста е познат на многу чуден начин. Кога имал само девет месеци татко му го покажал на собраните луѓе пред терасата од хотелот во Берлин во кој престојувал, а на фотографијата се гледа како со едната рака го држи бебето на голема висина и истовремено мавта кон обожавателите.

Парис е родена во 1998 година, а оттогаш е во центар на вниманието на светската јавност поради славата на татко ѝ. Парис има нереална убавина, а нејзините очи имаат неверојатно зелена боја. Кога тој починал, Парис имала 11 години, а мајката Деби ја запознала кога имала 13 години и тврди дека денес имаат квалитетен однос.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by britty morrison (@brittywhitfield)

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини