СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА МОМЧЕТО ОД „ТИТАНИК“? И по 25 години заработува од улогата
Томпсон имал само пет години кога ја добил улогата во „Титаник“, во кој го играше момчето кое патува од најниска класа и трагично загина со мајка му и сестра му.
Рис Томпсон, кој е најпознат по улогата на малиот Ирец во филмот „Титаник“, откри дека и по 25 години од снимањето на филмот, тој и понатаму заработува од таа мала улога во блокбастерот на Камерон, пренесува „Belfast Live“.
Томпсон имал само пет години кога ја добил улогата во „Титаник“, во кој го играше момчето кое патува од најниска класа и трагично загина со мајка му и сестра му.
Томпсон со својата „филмска“ мајка и сестра и со другите патници може да се видат на сцената во која чекаат да се отвори главната врата за излез од третата класа. Тројцата не стасаа до чамците за спасување, а подоцна беа присутни во сцената во нивната кабина каде заедно загинаа, пишува 24хр.
Неговата улога во филмот беше навистина мала, но значајна бидејќи прикажала многу поголема трагедија на најсиромашните патници кои ги загубија животите на „Титаник“. Денес, Томпсон се занимава со дигитален маркетинг во Јута и е сопственик на центар за скијање и сноубординг. Иако речиси не се ни сеќава на деталите од снимањето на филмот, исплаќањето на хонорарот за филмот што го добива секоја година го потсетува дека еднаш одамна го снимил „Титаник“.
Својата кариера ја започнал како детски модел и добил договор со агенција откако победил на еден натпревар. Агентот тогаш ѝ понудил на неговата мајка две опции за Риса – улога во реклама за бензинска пумпа или можност за улога во „Титаник“. Иако рекламата била побезбедна опција, неговата мајка избрала да се појави кратко во „Титаник“, кој на крајот станал вториот најуспешен филм во историјата според заработка. Сè додека филмот се прикажува, Томпсон ќе добива по неколку стотици долари секоја година.
Инаку, филмот „Титаник“ со Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет во главните улоги во 1997 година заработи над две милијарди долари и освои дури 11 Оскари.