БРЗИОТ ТЕСТ БРЗО МОЖЕ ОД НЕГАТИВЕН ДА СТАНЕ ПОЗИТИВЕН Епидемиолог објаснува кога е најдобро да го користиме
Со други зборови, доколку имате симптоми на коронавирусот, брзиот тест тоа ќе го покаже, порано или подоцна. Само му треба повеќе време. Затоа, најубаво е да се тестирате што подоцна, односно токму пред да се видите со некого, а не претходно.
Брзите антигенски тестови за коронавирус кои се продаваат по аптеките се многу популарни кај нас и во светот, но тие можат да дадат различни резултати и не можете целосно да се потпрете на нив. Били Квилти, епидемиолог на Лондонската школа за хигиена и медицина на Твитер објави како од четири тестови, двата направени наутро и напладне се негативни, а тестовите направени навечер и следното утро биле позитивни, пишува Нет.
Д-р Квилти ја нарече својата објава „демо за тоа колку брзо можете да станете позитивни“ и додаде вреден совет: „Тестот направете го непосредно пред да се гледате со некого“.
Со други зборови, доколку имате симптоми на коронавирусот, брзиот тест тоа ќе го покаже, порано или подоцна. Само му треба повеќе време. Затоа, најубаво е да се тестирате што подоцна, односно токму пред да се видите со некого, а не претходно.
A demo of how fast you can turn positive:
Yesterday morning, yesterday lunchtime, yesterday evening, this morning.
Do LFTs *just* before meeting up. pic.twitter.com/3zM2rDkoa7
— Billy Quilty (@BQuilty) December 16, 2021
Секако, брзите тестовите не се 100 отсто веродостојни. Експертите секогаш за сигурен резултат препорачуваат да се прави ПЦР-тест, но овој научник ги оправдува брзите тестови како начин луѓето да се заштитат за време на празниците и јавните настани.
Во Велика Британија постои кампања да се користат овие тестови, но во моментот нема доволно возачи кои би можеле да достават доволно брзи тестови до аптеките. Побарувачката за нив е голема.
На слично мнение со Квилти е и Лоренс Јанг, виролог и професор по молекуларна онкологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Ворвик, вели дека секој треба да ги користи придобивките од домашните тестови сè додека короната е распространета.
– Треба да ја поттикнеме одговорната употреба на домашните тестови пред луѓето да излезат да се дружат со другите. Тие се исто така важен показател за тоа дали можете безбедно да уживате во Божиќ со вашето семејство и пријателите – вели професорот.