ГАШИ ГО ОДБИВА ПРЕДЛОГОТ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР, ИМАЛ ДРУГИ ПЛАНОВИ Му благодариме на Мицкоски за изразената почит

Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго. Ваков е ставот на политичката партија Алтернатива откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го предложи токму Гаши за премиер во преодната влада.

1,706

Му благодариме на господинот Христијан Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и сè уште не е завршен.

Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго. Ваков е ставот на политичката партија Алтернатива откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го предложи токму Гаши за премиер во преодната влада, пренесе Локално.






– Поради тоа што претседателот Стево Пендаровски бара 61 потпис, тогаш ајде да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши, да биде новиот мандатар на преодната влада, наместо Димитар Ковачевски и да ја реши енергетската и економската криза. Ова да биде до одржувањето на парламентарните избори. Очекувам и ДУИ да го поддржи Гаши за премиер – рече Мицкоски на прес-конференција во седиштето на партијата.

На ваквиот предлог реагираа и од ДУИ.

– Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие мандатот, ако победат на следните избори, зошто да не, нека предложат Албанец за мандатар на новата влада и ние ќе го поддржиме – порача првиот вицепремиер Артан Груби.

Поврзани содржини