КУЛТНИОТ БЕНД ПОДГОТВИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ АББА ја објави првата божикна песна како сингл ВИДЕО

455

Шведскиот култен бенд АББА во петокот објави музички спот за новата божикна песна Little Things, која е достапна како сингл на це-де.

Во него ученици разговараат за технологијата за претстојниот концерт АББА Voyage во Лондон во 2022. Инаку, оваа технологија се користи за снимање на движењата на членовите на бендот и нивно претворање во дигитални реплики, кои ќе може да се видат на сцената во Лондон.






Учениците ја претвораат својата училница во продукциска канцеларија за да може сето тоа сами да го изведат и сами да создаваат музика. Крајниот резултат е божикно шоу на АББА.

Little Things е првата божикна песна на шведската супергрупа, што долго време беше желба на фан-заедницата. Приходот од продажбата на цедето ќе оди во Фондот на УНИЦЕФ за заштита на децата.

Поврзани содржини